|
Имам забележано кај доста православни еден прилично симплифициран однос конкретно кон протестантизмот (кај некои дури и кон западното христијанство во целина) - сите протестантски исповеданија се гледаат како подеднакво далечни на православието. Можно ли е сите - и традиционалните лутерани и баптистите и пентакосталците, па дури и јеховините сведоци да се стават во ист кош?
Понатаму, има ли простор за сериозен богословски дијалог со некои од нив, или за такво нешто е сепак претешко да стане збор (досегашното искуство покажува - посебно примерот со Светскиот совет на црквите - дека конкретно богословскиот дијалог е многу тешко спроводлив)? Во случај да има - во која насока тој би се одвивал - на светско, но и на регионално (балканско) и локално (македонско) ниво?
|