|
Ова е стара тема, посебно за нас што сме студирале богословие. Не гледам ништо лошо во самиот збор схоластика, зашто за нешто да се проучува мора да се систематизира. Проблемот е во личниот став кон реалноста, т.е. проблемот е поширок и го засега севкупниот светоглед што човекот го усвоил. Така, ако сака да го преточи наученото во живот, тогаш за таквиот (ученик) нема да постои никаква схоластика. А, некој и да ги чита најнесхоластичките отечки поуки, ако само ги учи напамет, т.е. ако останува само на нивно литературно разгледување, тогаш схоластиката го хендикеприарла неговото сознание.
Постои и друг аспект на схоластиката. Схоластика (слободно може да се рече и: школастика) го нарекуваме дефинирањето на она што не може да се смести во тесните научно-методички концепти. Така, кога нешто се дефинира, се смета дека е исцрпено и до крај разјаснето. Тоа дефинирање во контекст на богословието кое пар екселанс е мистичко, се нарекува растајнување на „Тајната Христова” (св. ап. Павле). Тоа истовремено би било и лишување на богословието од неговата животворност и деградирање на едно бесплодно книжевничко ниво.
|