|
Секогаш ме чудела силата со која човекот „крева рака на себе”. Не, никако не го сметам самоубиството за херојство, туку не ми е разбирлива таа безумна одлучност. Мислам дека самоубиството не е пројава на сила на човечката личност, туку дека тоа се извршува со нечовечка сила, која „му помага” на човекот да го изврши тој страшен и тежок чин. Самоубиецот е демоноопседнат. Тој е преземен од темнината што го опфатила и ја изгубил слободата. Исто така, самоубиството е и пројавување на малодушност, откажување да се покаже духовна сила и да се издржи искушението, тое е предавство на животот и неговиот Творец.
|