ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ „СВИТОК”
Општи основи:
• Блогот (
http://www.ortos.wordpress.com) и Форумот „Свиток” (
http://www.temi.freeforums.org) не се официјални интернет-презентации.
• Сите материјали и пораки на форумот се приватно мислење на нивните автори, не се мислење на организацијата на која припаѓа авторот на пораките, освен ако поинаку не е посочено со врска кон соодветните извори.
• Администраторот на форумот не секогаш се согласува со различните мислења и не носи одговорност за гледиштата на учесниците во дисусиите на овој форум.
Регистрација:
• Во својство на име за регистрација се дозволува
исклучиво човечко име. Се препорачува регистрацијата да биде под Вашето вистинско име и презиме.
• Регистрацијата под секакви други зборови кои не се човечки имиња – ќе биде избришана.
• За регистрација неопходни се следните податоци:
Име (во полето: член) – кое ќе биде користено за влез во форумот и ќе стои покрај вашите напишани мислења,
Лозинка и
E-mail.
• Пo влегувањето во форумот, бирате категорија за да ги видите започнатите теми.
Newtopic – насловувате нова тема во избраната категорија.
Postreply – поставувате ваше мислење на започната тема.
На форумот е забрането:
• Богохулење (хулење на Светиот Дух, на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица, на Светите Тајни на едната, света, соборна и апостолска Црква и воопшто, поставување на безобѕирни мислења на христијански теми).
• Осудување на свештената ерархија и клириците во секоја форма и под каков било предлог и изговор.
• Повик за нарушување на актуелното законодавство, искази од расистички карактер, поттикнување на меѓунационална и верска омраза и сè друго што се санкционира со Кривичниот Законик на Р. Македонија.
• Рекламирање и агитација со цел привлекување на луѓе во различни организации, партии, движења, групи, собранија и сл.
• Поставување теми со наслови и мислења кои се навредливи за религиозните чувства на учесниците на форумот или во однос на која било друга религија.
• Поставување линкови кон анти-православни интернет-страници.
• Освен општите правила на однесување и правилата на форумот, запазувајте ги и христијанските правила на учтив тон. Почитувајте се себеси и своите соговорници. Разговарајте конкретно на поставената тема и не преминувајте од распаравата на темата на расправа за личноста на соговорникот.
* * *
УПАТСТВО: Македонска подршка за тастатурата во Windows
ќе можете да наместите со следните чекори:
Control Panel -> Regional and Language Options -> Languages -> клик нa Details
Settings -> клик (Аdd) а, во Input linguage избирате Macedonian. Default input language останува English. Кликнувате на Apply и ОК.
Се враќате во Regional Options, и во првата рамка бирате: Macedonian. Клик на Apply и OK.
Од македонска во друга пoдршка и обратно, преку тастатурата се менува со задржување на Alt и притискање на Shift.