.:: с в и т о к ::.
http://temi.freeforums.org/

Антисемитизмот на христијанската вера?!
http://temi.freeforums.org/topic-t24.html
Page 1 of 1

Author:  Milan [ 29 Feb 2008, 00:19 ]
Post subject:  Антисемитизмот на христијанската вера?!

„Црквата и Јудаизмот“. Кога прво ја видов темата прво се прашав - што има толку многу да се дискутира за ова. Се надевам само дека нема главна тема да бидат светските заговори и масоните :).

Ама веднаш потоа ми текна едно интересно прашање - односот на Јудаистите кон Црковната историја и конкретно кон онаа историја опишана во Светото писмо на Новиот завет. Нели пред некоја година дури и Мел Гибсон го натераа реченицата на првосвештеникот „Неговата крв нека падне врз нас и врз нашите деца“ - да ја остави непреведена во неговиот филм „Страданија“ (примериот со мел Гибсон не е ни првиот ни последниот, ама на него прво се сетив). Изговорот е - антисемитизам! Добро, една работа стварно ме копка - каде е границата тогаш помеѓу Христијанството и антисемитизмот? Некако излегува дека од оваа перспектива христијанство само по себе е поприлично „антисемитистичко“. И сега, современото демократско општество, кое гледа на сите како така да им ги задоволи правата - се соочува со поразителната „вистина“: дека цели два милениуми се изградувало на „антисемитистички“ и „дискриминаторски“ основи. Не знам, ама некако не ми штима целава прикаска...

Page 1 of 1 All times are UTC + 2 hours
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group
http://www.phpbb.com/