| .:: с в и т о к ::. http://temi.freeforums.org/ |
|
| Философијата и теологијата во Византија http://temi.freeforums.org/topic-t23.html |
Page 1 of 1 |
| Author: | Milan [ 28 Feb 2008, 21:50 ] |
| Post subject: | Философијата и теологијата во Византија |
Пред некој ден имав мала пријателска дискусија со еден пријател философ од Италија во врска со прашањето - како да се дефинира византиската филсофија. Не е вооппшто просто како што можеби изгледа. Многу лесно може да се западне во крајност. Од една страна, прилично тврдокорни се блранителите на ставот (меѓу кои и мојот пријател) дека ако воопшто може да стане збор за философија во Византија - таа треба да се ограничи строго на случаите кога византиските мислители ги интерпретираат античките философи. Тука е очигледно на сила строгото разликување помеѓу философијата и теологијата, особено карактеристична за западната схоластика и конкретно томизмот. Ако таквото остро разграничување сосема верно ја ги отсликува состојбите на западната средновековна мисловност, тоа сепак изгледа неприменливо во случајот со Византија. Но да не се распостелувам сега со аргументации - во случај да се развие дискусија на темава, ќе има доста интересни прашања кои ќе може да се опсудат. |
|
| Page 1 of 1 | All times are UTC + 2 hours |
| Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group http://www.phpbb.com/ |
|