| .:: с в и т о к ::. http://temi.freeforums.org/ |
|
| Правила http://temi.freeforums.org/topic-t18.html |
Page 1 of 1 |
| Author: | ѓакон Тони [ 30 Jul 2007, 10:54 ] |
| Post subject: | Правила |
ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ „СВИТОК” Општи основи: • Блогот (http://www.ortos.wordpress.com) и Форумот „Свиток” (http://www.temi.freeforums.org) не се официјални интернет-презентации. • Сите материјали и пораки на форумот се приватно мислење на нивните автори, не се мислење на организацијата на која припаѓа авторот на пораките, освен ако поинаку не е посочено со врска кон соодветните извори. • Администраторот на форумот не секогаш се согласува со различните мислења и не носи одговорност за гледиштата на учесниците во дисусиите на овој форум. Регистрација: • Во својство на име за регистрација се дозволува исклучиво човечко име. Се препорачува регистрацијата да биде под Вашето вистинско име и презиме. • Регистрацијата под секакви други зборови кои не се човечки имиња – ќе биде избришана. • За регистрација неопходни се следните податоци: Име (во полето: член) – кое ќе биде користено за влез во форумот и ќе стои покрај вашите напишани мислења, Лозинка и E-mail. • Пo влегувањето во форумот, бирате категорија за да ги видите започнатите теми. Newtopic – насловувате нова тема во избраната категорија. Postreply – поставувате ваше мислење на започната тема. На форумот е забрането: • Богохулење (хулење на Светиот Дух, на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица, на Светите Тајни на едната, света, соборна и апостолска Црква и воопшто, поставување на безобѕирни мислења на христијански теми). • Осудување на свештената ерархија и клириците во секоја форма и под каков било предлог и изговор. • Повик за нарушување на актуелното законодавство, искази од расистички карактер, поттикнување на меѓунационална и верска омраза и сè друго што се санкционира со Кривичниот Законик на Р. Македонија. • Рекламирање и агитација со цел привлекување на луѓе во различни организации, партии, движења, групи, собранија и сл. • Поставување теми со наслови и мислења кои се навредливи за религиозните чувства на учесниците на форумот или во однос на која било друга религија. • Поставување линкови кон анти-православни интернет-страници. • Освен општите правила на однесување и правилата на форумот, запазувајте ги и христијанските правила на учтив тон. Почитувајте се себеси и своите соговорници. Разговарајте конкретно на поставената тема и не преминувајте од распаравата на темата на расправа за личноста на соговорникот. * * * УПАТСТВО: Македонска подршка за тастатурата во Windows ќе можете да наместите со следните чекори: Control Panel -> Regional and Language Options -> Languages -> клик нa Details Settings -> клик (Аdd) а, во Input linguage избирате Macedonian. Default input language останува English. Кликнувате на Apply и ОК. Се враќате во Regional Options, и во првата рамка бирате: Macedonian. Клик на Apply и OK. Од македонска во друга пoдршка и обратно, преку тастатурата се менува со задржување на Alt и притискање на Shift.
|
|
| Author: | Milan [ 18 Aug 2007, 01:07 ] |
| Post subject: | |
Голема поддршка за форумот. Особено ми се допаѓа концептот и темите кои ги имаш набројано. Среќно! |
|
| Author: | Voskresija [ 02 Feb 2009, 00:54 ] |
| Post subject: | |
Посакав форум со вакви теми и ОП!!! ...желбата ми се оствари! Фала Ти Боже! Наскоро ќе има повеќе членови и интересни поучни дискусии проследено со дружење. ПОЗДРАВ И БЛАГОДАРНОСТ ДО ОРГАНИЗАТОРОТ! |
|
| Page 1 of 1 | All times are UTC + 2 hours |
| Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group http://www.phpbb.com/ |
|