| .:: с в и т о к ::. http://temi.freeforums.org/ |
|
| Евхаристијата и етиката http://temi.freeforums.org/topic-t19.html |
Page 1 of 1 |
| Author: | ѓакон Тони [ 06 Nov 2007, 01:05 ] |
| Post subject: | Евхаристијата и етиката |
Во современото Православие е забележителен тренд на критикување на моралноста како релативен феномен. Автономијата на етиката е критикувана заради тоа што воспоставила определени типови на етичко однесување, кои добиле облик на законски конструкции, а остануваат неповрзани со историските епохи и различноста на луѓето. Моралното однесување добива законски карактер кој се проектира и на односот на човекот со Бога. Јуридичкото разбирање на односот меѓу човекот и Бога (добри дела/награда) е својствено за западното христијанство, но не и за источното Православие. Во православниот литургиски живот моралноста не извира од некаков правнички однос со Бога, туку од обновувањето и преобразувањето на личноста и созданието во Христа. Секој етички императив станува разбирлив само како последица од овој светотајниски процес на преобразување. Според евхаристискиот светоглед, етичноста се поистоветува со литургиското преобразување на личноста, „зашто, го соблековте стариот човек со неговите лоши дела, а се облековте во новиот што се обновува...” Истовремено, етиката на некој начин е интегрирана во човековата свест, „зашто во нивните срца е запишано она што е според законот, бидејќи сведочи нивната совест и бидејќи нивните мисли се обвинуваат меѓу себе или се оправдуваат (Рим. 2,15).” Проповедта на слободата со Бога не смее да добие облик на христијански иморализам, зашто моралноста и моралот не може да се сместат во ист кош. Современиот човек со лутина ги отфрла моралните правила што му ги наметнала традицијата на една христијанска цивилизација. Со паролата „моралот не спасува” нема многу да му помогнеме некому, кој моралните вредности ги чувствува како окови, да ги прифати основните христијански аскетски побарувања. Нешто друго значи да се тврди дека, моралот е неодржлив без верата остварувана низ светата Евхаристија на Црквата. |
|
| Author: | Milan [ 15 Nov 2007, 21:29 ] |
| Post subject: | Re: Евхаристијата и етиката |
Оваа мисла добива многу специфична и актуелна форма токму кај големиот православен литург на 20-от век - отец Александар Шмеман. Тој вложува големи напори да го определи местото на Црквата помеѓу двете големи и определувачки идејни концепции на современието - религијата и секуларизмот. Црквата не е од овој век (т.е. не е секуларна), но исто така не може ни да се изедначи со религијата. Таа не може да се сведе ниту на сувиот религиозен морализам, ниту на неговата секуларна „контра“. Таа е просто над двете. И токму таинството Христово - чие најдејствено исполнување се содржи во таинството на евхаристијата - е средството преку кое Црквата успева да се вознесе над стихиите над овој свет и век (бидејќи како секуларизмот, така и религијата се производи на неговата сопствена логика, спротивна на богочовечката лигика на воплотеното Слово). |
|
| Page 1 of 1 | All times are UTC + 2 hours |
| Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group http://www.phpbb.com/ |
|