.:: с в и т о к ::.
http://temi.freeforums.org/

Схоластика
http://temi.freeforums.org/topic-t25.html
Page 1 of 1

Author:  Milan [ 29 Feb 2008, 23:58 ]
Post subject:  Схоластика

Ова е интересна и доста полезна тема. Доста често зборуваме за „схоластика“, за тоа како ова или она било „схоластично“. Схоластиката е богословско-филсофски систем, доминантен во касното западно средновековие и пресуден за понатамошноото формирање на римокатоличката доктрина и практика. Доста православни теолози имаат по default одречен став кон него. Други, пак, се држат резервирано. Какви и да се позициите, за схоластиката има многу што да се каже. Така што еве една тема посветена на неа.

Author:  ѓакон Тони [ 03 Mar 2008, 10:55 ]
Post subject: 

Ова е стара тема, посебно за нас што сме студирале богословие. Не гледам ништо лошо во самиот збор схоластика, зашто за нешто да се проучува мора да се систематизира. Проблемот е во личниот став кон реалноста, т.е. проблемот е поширок и го засега севкупниот светоглед што човекот го усвоил. Така, ако сака да го преточи наученото во живот, тогаш за таквиот (ученик) нема да постои никаква схоластика. А, некој и да ги чита најнесхоластичките отечки поуки, ако само ги учи напамет, т.е. ако останува само на нивно литературно разгледување, тогаш схоластиката го хендикеприарла неговото сознание.
Постои и друг аспект на схоластиката. Схоластика (слободно може да се рече и: школастика) го нарекуваме дефинирањето на она што не може да се смести во тесните научно-методички концепти. Така, кога нешто се дефинира, се смета дека е исцрпено и до крај разјаснето. Тоа дефинирање во контекст на богословието кое пар екселанс е мистичко, се нарекува растајнување на „Тајната Христова” (св. ап. Павле). Тоа истовремено би било и лишување на богословието од неговата животворност и деградирање на едно бесплодно книжевничко ниво.

Page 1 of 1 All times are UTC + 2 hours
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group
http://www.phpbb.com/